Беласица во новата сезона влегува со повисоки цели – ќе атакува на местата кои водат кон Прва лига!

Екипата на Беласица на 2 јули ќе ги стартува подготовките за новата сезона во Втората лига, шефот на стручниот штаб Александар Стојанов го утврди планот за подготовките, а дополнително се закажани и пријателски натпревари преку кои ќе се проверува формата, а ќе бидат одиграни седум пријателски меча.

Како што вели Стојанов, Беласица во новата сезона влегува со повисоки цели, да напаѓа едно од местаа кои водат кон повисок ранг.

“За новата сезона влегуваме со повисоки амбиции а тоа е напаѓање на едно од местата кои водат во повисок ранг, за една сезона тимот е поискусен, остануваат скоро сите играчи од претходната сезона а ќе го надополниме ростерот со уште 4-5 квалитетни играчи кои ќе внесат дополнителен квалитет и свежина во тимот“, рече Стојанов за официјалната страна на клубот.

Како што веќе информиравме Беласица пријателските натпревари ги отвара со Кожуф на 19 јули, потоа ќе одигра пријателски меч со Септември Симитли од Бугарија, следува тестирање со Детонит Плачковица, Шкендија Арачиново, третолигашот Победа Валандово, Каменица Саса и генералка со Осогово закажана за 16 август.

Александар Ванев, М-Нет