Ракометниот шампион Еурофарм Пелистер ќе игра во Лигата на шампионите и следната сезона, откако доби „вајлд-карта“

ФОТО: ФК Еурофарм Пелистер

Ракометна Македонија и следната сезона ќе има свои претставник во елитното натпреварување Лигата на шампионите. Шампионот Еурофарм Пелистер ќе игра и следната сезона во Лигата на шампионите откако доби „валјд-карта“ за која аплицираше, а ЕХФ го потврди битолскиот тим како еден од учесниците во ЛШ за следната сезоан.

Ждрепката е закажана за петок, 27 јуни во Виена, Австрија, со што ќе бидат познати двете групи. Во Лигата на шампионите се натпреваруваат 16 екипи, кои се поделени во две групи со по осум екипи.

Како што беше познато директно место во Лигата на шампионите имаа обезбедно Магдебург, Фуксе Берлин, Барселона, Спортинг Лисабон, ПСЖ, Динамо Букурешт, Веспрем, Алборг, Загреб и Висла Плоцк, а преку „вајлд-карта“ се приклучија и Еурофарм Пелистер, ПИК Сегед, Нант, Киелце, ГОГ Гудме и екипата на Колштад.

Екипите на Порто, Шафхаузен и Слован беа одбиени за „вајлд-карта“, со што тие нема да настапуваат во Лигата на шампионите, но имаат право да настапат во Европската лига или Европскиот Куп на ЕХФ.

Македонија продолжува редовно да има учесник во елитното ракометно натпреварување, а во Лигата на шампиони две титули има Вардар, првата ја освои во 2017 година, а втората во 2019 година, кога се испиша голема историја во македонскиот ракомет. Европска титула има Кометал Ѓорче Петров во женска конуренција, клубот беше европски шампион во 2002 година, а Алкалоид го освои ЕХФ Европскиот Куп минатата сезона и така стигна до првиот европски трофеј.

Александар Ванев, М-Нет