ФК Пелистер ја продолжи соработката со уште тројца фудбалери, подготовките стартуваат на 30 јуни

ФК Пелистер продолжи со продолжу ање на договорите со највлијателните фудбалери од шампионатот 2025/26. По потписот на Александар Ристевски, уште тројца фудбалери го продолжија договорот со ФК Пелистер, заклучно со јуни 2026 година.

Фудбалерот за врска Јорданчо Наумоски (25 настапи, еден гол и една асистенција минатата сезона), левиот бек Филип Миленковски (17 настапи минатата сезона) и напаѓачот Јованчо Трајковски (20 настапи, еден гол и една асистенција минатата сезона) се обврзаа на уште една сезона во битолскиот клуб.

Тројцата ќе му се стават на располагање на шефот на стручниот штаб Димитар Капинковски на 30 јуни кога ФК Пелистер ќе ги започне подготовките за новата сезона, која почнува на 8 август. Деновиве ФК Пелистер ќе ги објави следните чекори и комплетирањето на ростерот за следната сезона.