
За најмногу еден месец треба да заврши целосната реконструкција на кочанската Општина болница. Активностите на терен започнаа со поставувањре на нови прозорци, а ќе заврши со нова водоводна и канализациона мрежа, како и противпожарни апарати.
„Со вкупна површина од 350 квадратни мерки во наредните три до четири недели треба да биде завршена реконструкција на кочанската болница. Работите започнаа со поставување нови прозорци, целонсо нова инсталација. Реконструкцијата ќе продолжи со хидроизолација на објектот, поставување нова вертикала на водоводна линија и канализациона мрежа.“ – вели Митева.
Додека трае реконструкцијата повредените на терапија ќе одат на одморалиштето на Пониква. И таму се преземаат соодветни мерки за прилагоднување на условите, а пациентите со терапија ќе започнат од утре.
Во меѓувреме се прават напори за повредените да ги добијат сите неопходни креми, компресивна облека, лепенки и силиконски маски. Дел од истите веќе се пристигнати во кочанската болница и им се достапни на повредените, а друг дел ќе пристигнуваат континуирано во наредниот период.
„Стигнати се и лепенките кои пациентите ги бараа, првата тура брои 25 лепенки. Потпишани се договорите со пулмолозите. Веќе на 58 повредени им е дадена и компресивната облека“ – вели доктор Паниќ – Мирчовска.
Повредените од дискотеката Пулс веќе одат на Физикална терапија во кочанската општа и штипската клиничка болница, а само една пациентка оди на преврски. Процесот на рехабилитација е долг, но се прават напори за паицнетите да бидат излечени целосно.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет