
Помладите пионери на Осогово од Кочани одиграа пријателски меч со Пирин Благоевград во Бугарија, а кој го загубија со 4:2, но преку овој меч се испраќа порака на соработка на двете школи и можност за прогрес и развој на фудбалерите од двете екипи.
Стрелци за Осогово беа Александар Крстов и Бојан Захариев, а оваа генерација е предводена од тренерот Сашко Атанасов.
Претходниот викенд Осогово успешно го организираше и „Драганица куп“ по 19-ти пат, а учество зеде екипи од Сандански. Генерацијата 2008/09 во Осогово ја предводи тренерот Доминик Тенев.

Од клубот истакнаа благодарност до Радо Митревски координаторот на младинскската школа на ФК Пирин, а кочанскиот клуб продолжува и натаму со фокус на младинските школи.
Александар Ванев, М-Нет