Баже Јанакиески се повлече од тренерската позиција во ФК Башкими Куманово

фото: ФК Башкими

Тренерот на новиот прволигаш ФК Башкими од Куманово, Баже Јанакиески си поднесе оставка поради лични причини. Од Башкими со официјално соопштение му се заблагодарија за придонесот во клубот:

,,ФК Башкими 1947 објавува дека на барање на самиот тренер Баже Јанакиевски од лични причини соработката меѓу страните е прекината.

Во овој момент на разделба, не можеме а да не го нагласиме и од срце му се заблагодариме на тренерот Јанакиевски за големиот придонес што го даде за нашиот клуб, особено во еден од најважните моменти во историјата на Башкими – влегувањето во Првата лигата по цели 17 години.

Овој историски успех го носи и неговото име, како тренер кој го водеше тимот со посветеност, дисциплина и професионализам кон цел што долго време беше само сон.

ФК Башкими 1947 му посакува на тренерот Јанакиевски понатамошен успех во неговата кариера и секогаш ќе го памети со почит и благодарност за неговата незаменлива улога во ова достигнување.” – стои во официјалното соопштение на ФК Башкими