
Повредените од пожарот во дискотеката Пулс во Кочани одат на Физикална терапија во кочанската или штипската клиничка болница. Александар по лекувањето во Пловдив оди на фиикална терапија во Штип, а на контрола во Кочани. Вели дека се чувствува добро, за целосно да закрепне потребно е временски период.
„Добро се чувствувам, психички добро, физички ќе биде подобро. Имаме инструкции како да се грижиме, да се заштитиме од сонцето, физички да закрепнеме подобро.“ – вели Авокатов.
Се уште немаат компресивна облека, но вели дека очекуваат да пристигне. Сега носат импровизирана облека со цел да ги заштитат повредните соодветно.
„Очекуваме да стигне, ова што сега е на мене е импровизација“ – вели Авокатов.
Кога се во прашање условите вокочанската болница повредените велат треба да се подобрат, но од друга страна се задоволни од персоналот и начинот на кој се грижат за повредените.
Повредените имаат потреба и од финансиски средства, бидејќи процесот на рехабилитација е долг.
Лаура Стојанова-Ќирчов, М-Нет