
Ракометниот клуб Младост од Богданци за новата сезона има високи амбиции и сака враќање во Суперлигата. За таа цел тимот од Богданци го промовираше искусниот Горан Андоновски како нов шеф на стручниот штаб кој ќе има за цел да го врати тимот во ракометната елита на Македонија.
Охриѓанецот е искусни име во мак-ракометот и какоа играч од славната генерација на Јафа Пром од Ресен, поранешен репрезентативец, а со своето меѓународно искуство како тренер ќе треба да ја оствари целта на тимот од Богданци.
Во стручниот штаб на Андоновски ќе бидат и Мите Стоилов, Далибор Луќиќ и Горан Паунков.
Во следниот период клубот ќе работи на засилување на тимот, како и утврдување на планот за подготовки и одигрување на пријателски натпревари со цел максимално подготвен Младост да влезе во новата сезона од Првата лига каде целта ќе биде освојување на првото место и влез во Суперлигата.
Александар Ванев, М-Нет