Блажевски ќе го води Големо Коњари во Втората лига, теренот и соблекувалните со интензивна реконструкција!

ФОТО: Александар Ванев

Новиот второлигаш Големо Коњари доби нов тренер, Јовица Блажевски седнува на тренерското столче со една цел – да се обезбеди опстанокот.

Блажевски инаку е поранешен селектор на женската македонска фудбалска репрезентација до 15 години и шеф на стручен штаб на ЖФК Порече од Македонски Брод, клуб кој се натпреварува во ВЖФЛ.

Блажевски го презентирал својот план околу подготовките пред управата на новиот второлигаш, а веќе се разговара за потенцијални засилувања со цел да се подигне квалитетот во сопствените редови.

Воедно, интензивно течат и подготовките за реконструкција на соблекувалните и на теренот, со цел обезбедување на потребните услови за одигрување на второлигашки натпревари, бидејќи клубот има една цел, домашните натпревари да ги игра на сопствениот терен во прилепското село Големо Коњари, а кое село важи за расадник на фудбалски таленти од каде произлегле големи фудбалски имиња меѓу нив и Гоце Седлоски.

Големо Коњари стана шампион во Трета лига – Југ минатата сезона, а потоа играше бараж со Тетекс, кој го загуби преку пенали, а потоа клубот имаше среќа преку ждрепката и обезбеди влез во Втората лига после долги години.

Во новата сезона 2025/2026 од ВМФЛ ќе испаѓаат дури пет екипи односно од 16 до 12 место, а три екипи ќе играат бараж за опстанок, а тоа се екипите од 11 до деветто место.

Александар Ванев, М-Нет