
Македонската фудбалска репрезентација го имаше своето најдалечно гостување, во Астана, каде се соочивме со домаќинот Казахстан во квалификациите за Светското првенство 2026. Натпреварот го реши Александар Трајковски, кој погоди во првиот дел од мечот, а во вториот дел успеавме да го сочуваме минималното водство и во Скопје носиме три бодови.
Стрелецот на победникиот гол вели дека бил тежок натпревар, но како што додава важна е победата.
Македонија обезбеди три многу важни бодови, со тоа го продолжува патот кон пласман на Мундијалот.
Македонија во јунскиот циклус собра четири од шест бодови, откако дома одигравме 1:1 за Белгија, а во гости го добивме тимот на Казахстан со минимални 0:1.
М Нет телевизија беше заедно со репрезентацијата на Македонија на далечното гостување во Астана, каде на Астана Aрена која има капацитет од околу 30 000 ледачи триумфиравме со минимални 0:1, а за Македонија ова беше најдалечното гостување во историјата на фудбалската репрезентација. Дизајнот на стадионот во Астана воведува иновативни решенија со високо технолошки принципи за оперативно управување, интеракција со животната средина и посебно со тешките климатски услови.
Астана е главен град на Казахстан, држава која е деветта најголемата во светот. Казахстан е трансконтинентална држава, каде голем дел од источните и средишните предели се наоѓаат во Азија, а делови од западните предели се во Европа.
Александар Ванев, М-Нет