
По вчерашната победа на Радовиш над екипата на Прилеп значи дека радовишани се изборија за директен опстанок, а пак тоа ќе значи дека Струга ќе треба да игра бараж за опстанок во ракометната елита на Македонија односно Суперлигата.
Останува уште едно коло да се одигра од плеј-аутот на Суперлигата но тоа е без значење. Веќе е сигурен и конечниот пласман на табелата во плеј-аутот, па така последното коло нема да донесе промени.
Струга ќе треба да игра бараж за опстанок во против прволигашот Мулти Есенс кој заврши на второто место во плеј-офот на Првата ракометна лига и да се обиде да го сочува суперлигашкиот статус и за следната сезона.
Во однос на табелата во плеј-аутот сигурно е дека Пролет ќе биде прв, Прилеп втор, екипата на Куманово ќе биде трета, Радовиш четврти, Струга која ќе игра бараж заврши на петтото место, а на дното исфрлениот Борец ФЛ.
Александар Ванев, М-Нет