Радовиш ја доби драмата со Прилеп и се избори за директен опстанок во ракометната Суперлига!

ФОТО: Александар Ванев

Ракометарите на Радовиш го добија драматичниот меч со Прилеп на домашен терен со резултат од 32:31 и со тоа се изборија за директен опстанок во Суперлигата и за следната сезона.

Натпреварот одлично го отвори Радовиш и имаше предност од два до три гола, а на полувреме замина со два гола предност односно 17:15. Во вториот дел и двете екипи се обидуваа да наметнат резултатска предност, а во еден момент Прилеп и го сврте резултатот.

Во самиот финиш кој беше повеќе од неизвесен Радовиш дојде до нов пресврт и до триумф со гол разлика односно 32:31.

По турболентната сезона со која Радовиш се соочуваше од почетокот на истата, на крајот целта која беше поставена се оствари – директен опстанок во Суперлигата и за следната сезона.

Младите тренери Спасе Ѓоргиев и Александар Долдуров минатата сезона направија голема историја, откако Радовиш под нивно водство преку бараж се врати во Суперлигата, а сега одновно под нивно водство Радовиш избори директен опстанок во Суперлигата.

Следната сезона односно ќе се следи суперлигашки ракомет во СРЦ „25 Мај“.

Александар Ванев, М-Нет