Вечерва во 19:30 часот премиерен концерт на „Астибо Биг бенд“ во штипскиот Дом на култура

Вечерва во 19:30 часот во штипскиот Дом на култура „Ацо Шопов“ ќе се одржи премиерниот концерт на новоформираниот „Астибо Биг бенд“. Станува збор за концерт со џез музика, со богата програма подготвена за присустните. Картите се пуштени во продажба, а че може да се купат и од билетарата. Во оваа прилика Кавраков ги поканува сите заинтересирани граѓани да бидат дел од концертот и да уживаат во џез музиката.

„Во Дом на култура „Ацо Шопов“ Штип ќе се одржи премиерниот концерт на новоформираниот Астибо Биг бенд. Ве покануваме сите граѓани да дадате максимална поддршка на овој прекрасен настан. Билетите веќе се пуштени во продажба, а може да се купат и на билетарата.“ – вели Кавраков.

Концертот е насловен како Индамуд, а ќе настапат 20 инстументалисти и еден вокал. Помош во орагнизирањето на овој концерт има и од Скопје.

„Во Штип во 19:30 часот повелете на концерт. Бидете наши гости“ – вели Ботев.

Ова е прв концерт на новоформираниот „Астибо биг бенд“ во Штип, па се очекува голема посетеност и позитивни вибрации.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет