Две лица повредени на работно место во приватна фирма во Штип

На 02.06.2025 во 09.29 часот во СВР Штип, од Клиничка болница Штип е пријавено дека кај нив со телесни повреди се донесени Б.Н.(34) и С.Ј.(30), двајцата од Штип. Според пријавеното, тие се здобиле со повредите при извршување работни задачи за приватна фирма од Штип. Извршен е увид и за настанот е известен трудов инспектор.