
Зголемен водостојот на реката Брегалница – според информација на штипјанецот Кирил Маџунаров, човекот кој со децении го мери и следи нивото на реката.
Но покрај за водостојот,сепак целиот месец мај се затвора како плоден. Обилните врнежи не само што го подигнаа нивото на реките, туку беа и вистински благодет за земјоделците. Според неговите мерења, моменталниот водостој изнесува 79 сантиметри – бројка што покажува значително покачување во однос на просекот за овој период од годината.
,,Моменталната состојба на водите на река Брегалница е 79 сантиметри, што е некое покачено ниво. За сметка на тоа, месец Мај беше еден од по врнежливите месеци што јас ги имам евидентирано во последните 30 години. Има наврнато 90 литри на метар квадратен во мсец Мај. Ако се има во предвид податокот просечно за последните 30 години, дека во месец мај имало 53 литри на метар квадратен, што значи дека за повеќе е зголемен просекот оваа година.“, рече Маџунаров
Покрај изминатиот месец мај, Маџунаров останува дециден дека во текот на оваа година и останатите месеци покажале добар резултат, како јануари, март и април. Досега има вкупно 240 литри на метар квадратен, рече тој.
Инаку, Кирил Маџунаров, информираше дека ланската година имало вкупно 460 литри на метар квадратен, што како што вели е 40 литри помалку од просекот.
Иван Митев, М-Нет