
Во завршна фаза е усвојувањето на деталниот урбанистички план со цњл искористување на термалните води и промоција на штипско Ново Село. Општината на ваков начин прави напори за развој на здравствениот и банско рекреативен туризам во градот. Треба да се привлечат инвеститори со што бенифит че има и самата општина.
„Планот на општината по однос на искористување на термалните води и промоција на Ново Село, на локалитетот Кежовица, е практично преку носење на ДУП и можност за искористување на овој дел, да дојде до развој на здравствен туризам, на банско рекреативен туризам. Веќе сме во финална фаза на усвојување на ДУП по кој ќе се мотивираат инвеститори да влезат, а ние како град да имаме краен бенифит со привлекување на туристи.“ – вели Јорданов.
Во меѓувреме се работи и на изградбата на сместувачки капацитет во Ново Село, како и реконструкција на изворот Л`џи во автентичен стил. Ова е проект на меѓугранична соработка со Република Бугарија преку кој се работи за подобрување на изгледот на штипско Ново Село, но и привлекување повеќе туристи.
„По однос на изворот Л џи, општината со европски пари, со прекугранична соработка со општина од Република Бугарија работи на проект за изградба на сместувачки капацитет во Ново Село и за реставрирање, реконструкција на локалитетот Лџи во еден автентичен изглед кој верувам ќе го направи по видлив.“ – додава Јорданов.
Изминатиот период во автентичен стил беа поплочени и неколку улици во Ново Село со што населбата добива поинаков и повидлив изглед.
Лаура Стојанова-Ќирчов, М-нет