
Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија Масар Омерагиќ, на денешната средба со медиумите се осврна и на трибината во Штип. Според него, проблемот со новата трибина во Штип е што не е завршена. Роковите се пробиени и одбивме да го потпишеме примопредавањето.
Платени се сите обврски на федерацијата во износ од близу 2.3 милиони евра. Рокот за предавање е 31. јули 2025 година. Сепак, тоа што може да се види е тоа што има „мал милион“ недостатоци, а потрошени се многу пари. Реално, вака не може да има примопредавање или технички прием, тука нема дилеми.
Во случај рокот да не биде запазен, односно да биде пробиен, а според се она што го гледаме тоа ќе се случи, раководството на Фудбалската федерација на Македонија ќе преземе соодветни институционални мерки за неисполнување на договорот.
Слична е ситуацијата и со трибините во Охрид и Кичево. Таму веќе имаме нов надзор и во следниот период ќе работиме на алтернативни можности за евентуална завршница на тие инфраструктурни проекти“, изјави претседателот на ФФМ.