Се уште скап оброкот во нардоните кујни за пензионерите, за 150 денари дома јадат два пати

Се уште скап оброкот за пензионерите во народните кујни. Околу 150 денари засега е цената за еден оброк, но за поголем дел од пензионерите тоа се неприфатливи трошоци согласно нивните минимални пензии. Не им е скапо затоа што не сакаат да платат, туку затоа што немаат од што да одвојат. Велат дека за истата сума, тие дома ќе подготват ручек за два дена, па наместо оброк кој ќе биде само за едено и за еден ден, тие ќе јадат двајца партнери и тоа два дена.

Пензионерите ако би зимале повеќе пензија, тогаш може би би било исплатливо, додаваат тие за нашата телевизија, поинаку остануваат со решението да подготвуваат дома.

Инаку, во поголем дел од народните кујни оброкот чини до 150 денари. Во некој чини и помалку во зависност од помалата грамажа. Храната е секогаш топла и навреме подготвена, а најчесто ја купуваат помладите.

Иван Митев, М-Нет