
Со пригоден рецитал и положување свежо цвеќе пред спомен обеделжјето на Светите браќа Кирил и Методиј денеска во Штип се одбележа празникот 24 мај, „Свети Кирил и Методиј“. Настанот беше збогатен со пригоден говор, за ликот и делото на светите браќа, како и она што тие го направиле и оставиле за идните генерации.
„Словенскиот свет со векови ги ползува големите дела од светите браќа Кирил и Методиј кои себе си се вградија во темелите на богатата словенска историја подарувајќи им ја писменоста на словените. Втората половина на девети век е времето кога започнуваат големите и значајни мисии на браќата“ – вели Илиевски.
Свети Кирил и Свети Методиј се родени браќа од Солун, од угледно и богато византиско семејство. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските словени. Потоа се оддалечил на гората Олимп и се предаде на монашки подвиг. Овде подоцна му се придружил и Кирил. Кирил и Методиј, познати како солунските браќа просветители, имаат голема улога во словенската историја. Нивното дело ги описменило словенските народи.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет