
Се спушти завесата во Втората кошаркарска лига, откако беше одигран натпреварот за трето место и финалниот меч за шампион во Втора лига.
Во натпреварот за трето место екипата на Соколи од Штип триумфираше со 86:77 над вториот тим на МЗТ Скопје и така штипјани сезоната ја завршија на третото место во Втората кошаркарска лига.
Во финалето екипата на Маџари со 79:67 триумфираше над Ангели и така тимот на Маџари стана шампион во Втората кошаркарска лига на Македонија.
Како што е веќе познато Маџари и Ангели од следната сезона ќе играат во Првата лига. Маџари ќе биде дебитант во прволигашкото друштво, додека пак Ангели по неколку сезони се враќа во елитата.
Александар Ванев, М-Нет