
Бараж натпреварот за Прва лига меѓу Беса и Башкими ќе се игра на стадионот Чаир во Скопје, в недела од 17 часот. Првично овој бараж натпревар беше закажан за Градскиот стадион во Кавадарци.
Една промена има и за бараж натпреварот за Втора лига, натпреварот меѓу Шкендија Арачиново и Осогово, кој требаше да се игра на Чаир ќе се игра на Градскиот стадион во Кавадарци.
За останатите два бараж натпревари нема промена. Односно, Преспа против Слога Виница ќе игра на тренинг центарот на ФФМ во Скопје, а пак на стадионот во Ѓорче ќе се соочат Големо Коњари со Тетекс.
Бараж натпреварите за Втора лига ќе се одиграат во сабота од 17 часот.
Сите натпревари Комисијата за натпревари на ФФМ ги прогласува од висок ризик.
Александар Ванев, М-Нет