БАРАЖИ: Преспа против Слога, Големо Коњари со Тетекс, Шкендија Арачиново со Осогово

ФОТО: Александар Ванев, М Нет телевизија | АРХИВА

Денес во просториите на Фудбалската федерација на Македонија беше извлечена ждрепката за бараж натпреварите за Втората македонска фудбалска лига.

Како што е познато Осогово ќе бара опстанок во Втората лига, а во ждрепката се петте шампион во Трета лига, односно Слога Виница од Исток, Шкендија Арачиново од Север, Големо Коњари од Југ, Тетекс од Запад и екипата на Преспа од Југозапад.

Ждрепката посака во баражот да се соочат Преспа против Слога Виница, Шкендија Арачиново оди против второлигашот Осогово, а пак Големо Коњари ќе се соочи со Тетекс.

Натпреварите ќе се одиграат во сабота (24 мај).

Победниците од бараж натпревари ќе бидат нови второлигаши за следната натпреварувачка сезона 2025/2026.

Александар Ванев, М-Нет