
Штипјани следната сезона ќе гледаат натпревари од Првата футсал лига на Македонија, откако Мал Ајакс на две кола до крајот во Втората футсал лига и официјално се врати во футсал елитата на Македонија.
Во Првата футсал лига патува и екипата на Балкан, која во следната сезона ќе биде дел од елитата.
На две кола до крајот ќе се решава кој да биде шампион во Втората футсал лига меѓу Балкан и Мал Ајакс. Екипата на Балкан е прва со 53 бодови, но има меч повеќе во однос на Мал Ајакс кој е втор со 51 бод.
Од трката за влез во Првата лига извиси екипата на Овче Поле, која лани испадна од елитата, со тоа што тимот од Свети Николе загуби неколку натпревари и со тоа во финишот од сезоната остана без шанси за Прва футсал лига.
Од Првата футсал лига испаднаа Железарец и Црна Река, а Мал Ајакс и Балкан се новите прволигаши.
Александар Ванев, М-Нет