
Гнев и разочараност кај жителите на Кочани. Болницата нема доволно медицински кадар, нема опрема, а пациентите од пожарот – и покрај тешките повреди – се принудени да се лекуваат во несоодветни услови. Наместо во странство да им продолжи лекувањето, пациентите се лекуваат во болница која, како што велат граѓаните, едвај функционира.
,,Не сме задоволни, нема доволно кадар во болницата, тоа е факт што го потврдуваат и други останати, како од болницата, така и од граѓаните.“, велат граѓаните
,,Нема стручни кадри, апаратите стоат не употребени. Требаше уште децата да бидат во странство.“
Граѓаните велат дека е неопходно да се зајакне медицнискиот кадар во државата, како и опремата. Велат 33 години не виделе никаов влог.
,,Да се зајакне медицинскиот кадар, опремата од министерството за здравство, колку што е можно повеќе да се ангажираат, бидејќи нашиот град тотално е запоставен. Веќе 33 години не се вложува во нашиот град. Иако сум студент, сметам дека здравството е пред огромен колапс. Потѕребни се средства многу за повредните, многу сме разочарани, поради големата неангажираност од владата.“, додаваат граѓаните
Недостатокот на медицински кадар и неупотребената опрема ја ставаат здравствената грижа на тест. Граѓаните Се надеваат дека со време, проблемите ќе се решат, а пациентите ќе добијат соодветна нега и услови за лекување.
Иван Митев, М-Нет