
Познати се репрезентативците кои ќе земаат настап на боксерскиот двомеч меѓу Македонија и Србија, кој е закажан за утре, сабота во салата на ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“ во Куманово.
Од Штип ќе земаат учество неколку боксери, се работи за Иса Бајрам од боксерскиот клуб Пинк Пантер, кој ќе настапи во конкуренција кадети до 57 килограми, а ќе боксува со Урош Ковачевиќ.
Од боксерскиот клуб Фамилија Демирови ќе настапат Шаин Реџеповски во категорија кадети до 40 килограми против Максим Ковачевиќ, како и Сонер Агушев во категорија јуниори до 54 килограми, а ќе боксува со Лазар Николиќ.
Од боксерски клуб Штип ќе боксува Бојан Ѓоргиев против Алекса Микуљка во категорија јуниори до 70 килограми.
Во категорија кадети односно учесници на возраст од 13 до 14 години за македонската репрезентација ќе настапт шест боксери, во категорија јуниори на возраст од 15 до 16 години ќе настапат седум боксери, а во категорија младинци на возраст од 17 до 18 години ќе настапат пет боксери.
Двомечот меѓу Македонија и Србија ќе започне во 17 часот.
Александар Ванев, М-Нет