
Во Европската куќа на ракометот (ЕХФ) беа извлечени групите за Европското првенство кое ќе се одржи во јануари 2026 година.
Македонија успеа да ги избегне тешките „групи на смртта“, а ќе бидеме во групата Б со репрезентациите на Данска, Португалија и Романија.
Против Данска ќе биде тешко, со Португалија ќе треба да се надигруваме и ќе треба да бараме победа, а против Романија само победа ќе биде опција, бидејќи ќе бидеме и фаворити на тој меч. Данска ќе биде апсолутен фаворит во нашата група.
Во групата А ќе бидат Германија, Шпанија, Австрија и Србија, групата Ц ќе играат Франција, Норвешка, Чешка и Украина.
Во групата Д ќе бидат Словенија, Фарски Острови, Црна Гора и Швајцарија. Во групата Е ќе бидат Шведска, Хрватска, Холандија и Грузија, додека пак во групата Ф ќе бидат Унгарија, Исланд, Полска и Италија.
На 16 јануари 2026 година го отвара ЕП против Данска во салата „Јуксе Банк Боксен“, потоа на 18 јануари играме со Романија, а третиот меч го играме на 20 јануари против Португалија. Натпреварите ќе ги играме во данскиот град Хернинг.
Домаќини на ЕП 2026 ќе бидат Данска, Норвешка и Шведска, а ќе се игра во период од 15 јануари до 1 февруари.
Александар Ванев, М-Нет