
Сомнежите за дипломи стекнати без соодветно образование одамна се присутни во јавноста. Според министерката за образование и наука Јаневска ова тешко се докажува, бидејќи и едната и другата страна се учесници, а тоа е криминално дело. Таа вели дека институциите располагаат со алатки за оценка на реалниот квалитет на одредени високообразовни институции, но отсуството на јасни законски одредби ја отежнуваат битката со лажните дипломи.
,,Јавна тајна е , луѓето отворено зборуваат кога се наоѓаат во приватен круг на личности, дека се стекнале со такви дипломи, но како што кажав тешко се докажува, бидејќи и едната и другата стрнаа е учесник. И двете страни треба да одговаат, тоа е криминално дело. Но бидејќи е јавна тајна, бидејќи имаме инструмнети со кои што можеме да провериме каков е квалитетот на образованието во одредени високо образовни институции, ние тоа го правиме. Има недоречености во законот, има нешта во минатото што не се направени на пример евалуации. За да можеме да го затвориме процесот мора да направиме измени во законот за високо образование, законот за научно истражувачката дејност.”, рече Јаневска
Она што го дозволува законот, тоа го правиме рече Јаневска, додавајќи дека легално до сега се затворени 13 институти, а допрва се разгледува уште колку ќе бидат затворени.
,,Она што законот ни го дозволува законот за наука, тоа го спроведуваме. Можеме легално да затвораме институти, а досега се затворени 13, уште 13 се под монеторинг. Ќе видиме колку од нив ќе бидат затворени. Затворивме една медицинска струка, сега ке затвориме втора, се уште го докомплетираме процесот со што не би сакала да не биде процеударата како што треба.“, додава Јаневска
Она што дополнително истакна Јаневска е дека кога почнале проверките и затворањето од првите институти, одреден број на други сами поднеле барање за затворање, затоа што биле свесни дека не ги исполнуваат условите и согласно истото истите се веќе затворени.
https://www.youtube.com/watch?v=IHMICrE7wVs
Иван Митев, М-Нет