
Боксерскиот клуб Пинк Пантер од Штип забележа големи резултати на „Опен Балкан“ каде клубот предводен од тренерот Петре Чурлиновски беше победник на Олимписки надежи.
Тренерот е задоволен од неговите боксери, од прикажата игра и од тоа како тие се претставиле на оваа меѓународно натпреварување.
„Се тоа што го поминавме и што го остваривме во осумте кола на Опен Балкан, во конкуренција каде нашите боксери со оглед на нивната возраст беа во групата на Олимписки надежи на Опен Балкан, таму го освоивме првото место кое беше неизвесно до финалето. До почетокот на финалето односно на осмото завршно коло кое се одржа во Охрид, БК Пинк Пантер беше на второто место со 22 бодови, Професионалци од Панчево беа на првото место, а зад нас беа Константин Лозница една од најјаките екипи и најорганизиран клуб од Србија со 20 бода. Меѓутоа, се се промени во финалето со победата на Иса Бајрам и бодовите кои ги донесоа Александар Панов, Марко Чурлинов и Мухамед Мемедов“, вели тренерот на БК Пинк Пантер, Петре Чурлиновски.
Со победата на Иса Бајрам во последното осмо коло кое се одржа во Охрид, штипски Пинк Пантер избива на првото место и така станува победник на Олимписки надежи на „Опен Балкан“.
„Ние избивме со еден бод повеќе од Константин Лозница на првото место, додека Професионалци од Панчево се спушти на третото место, со тоа го освоивме и пехарот за најдобар клуб и прво место на Олимписки надежи на Опен Балкан. Сметам дека тоа е голем резултат за овие млади боксери на Пинк Пантер кои ја претставуваат Република Македонија“, додека Чурлиновски.
Младиот боксер Иса Бајрам за М Нет телевизија истакна дека е задоволен од тоа прикажаното на овие осум кола.
„Задоволни сме од натпреварувањето го освоивме првото место, имаше осум кола, јас од осумте кола забележав седум победи. Задоволен сум“, вели Иса Бајрам.
Бајрам вели дека конкуренцијата била многу тешка, имало силни и квалитетни натпреварувачи, но за него ова е голем успех, мотив да продолжива во иднина да нижи големи успеси.
На „Опен Балкан“ учествуваат натпреварувачи Македонија, Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија и Романија.
Александар Ванев, М-Нет