Тошковски дел од 14 годишно собрание на Меѓународното полициско здружение во Штип

Отворено 14 годишно собрание на Меѓународното полициско здружение во Штип. На настанот присуствуваа голем број делегати како од државата така и од странство. Меѓу нив беше и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Тој упати порака, секој кој сака да помогне за едно здраво општество да се вклучи во сите овие организации кои работат во интерес на македонските граѓани.

„Честа е моја да се дружам со членовите во рамки на ИПА Македонија. Се надевам дека ќе се разменат искуства идеи како да придонесат во општеството. Спорведовме одредени активности за подобрување на соработката меѓу членовите на ИПА.“ – вели Тошковски.

Целта на настанот е да се подигне јакнењето на државата кон нејзините меѓународни и евро атлански стратешки цели и интереси, како и јакнење на регионалната и глобална безбедност и стабилност.

„Денеска е ден кога после одредени активности одлучивме да го свикаме ова редовно собрание на кое присуствуваат десет странски држави и дваесетина региони од Балканот.“ – вели Стојков.

Меѓународното полициско здружение, ИПА Македонија е формирано во 1950 година, а во нашата држава е основено во 2011 година. Основано е врз основа на почитување на универзалната декларација за човекови права на недискриминација од било кој вид, со основни цели: комуникација, соработка и зближување на членовите и полициските службеници.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет