
Во рамки на 5. коло на плеј-офот синоќа во Богданци екипата на Младост со убедливи 42:19 го декласираше Овче Поле од Свети Николе во меч на тотална доминација на домашниот тим.
Победникот беше решен уште во првиот дел од натпреварот кога на полувреме домашниот тим имаше предност од 21:10. Ѓорѓе Атанасов имаше 15 гола за домашниот тим, а го следеше Симон Мирчевски со седум гола. За тимот од Свети Николе први име беше Стојанче Ристов со четири гола.
Екипата на Јехона забележа победа од 33:34 над Скопје на гостински терен, а до победата тимот од Гостивар дојде благодарение на одличното прво полувреме кога имаше 14:20.
Дарко Рангелов даде 12 гола за Сокпје, а пак Адис Салиу постигна 17 гола за Јехона.
Екипата на Драчево на домашен терен беше поразена од Мулти Есенс со 28:31. Прво име кај домашниот тим беше Димитар Петковски со седум гола, кај гостинот најдобар беше Марко Каракалашев со осум гола.
Продолжува борбата на Мулти Есенс, Македонија ЃП и Младост за второто место и баражот за Суперлигата.
Александар Ванев, М-Нет