
Утре во Охрид ќе биде одржано последното коло од меѓународната лига „Опен Балкан“, а боксерите на боксерскиот клуб Пинк Пантер од Штип максимално подготвени патуваат во Охрид да се натпреваруваат во рамки на последната рунда.
Како што вели тренерот Петре Чурлиновски во изјава за М Нет телевизија боксерскиот клуб Пинк Пантер ќе земе учество со четири натпреварувачи, а веќе се знаат и противниците.
„Боксерите на БК Пинк Панкет утре ќе настапат на последното коло Опен Балкан лигата, на кое ќе земеме учество со четири боксери. Мухамед Мемедов кој ќе боксува против Лазар Стефановиќ од Србија до 40 килограми, Марко Чурлиновски од 44 килограми против Младен Гавриловиќ од Србија, Иса Бајрам против Урош Ковачевиќ од Србија, додека пак во младинска конкуренција до 60 килограми ќе настапи Александар Панов со Усние Котони од Албанија. Ова е последното коло од Опен Балкан лигата во кое бокерите на БК Пинк Пантер би требало да се покажат во најдобро издание“, вели тренерот БК Пинк Пантер, Петре Чурлиновски за М Нет телевизија.
Чурлиновски смета дека неговите боксери се одлични подготвени за последниот предизвик во „Опен Балкан“, притоа за М Нет телевизија истакна дека денес ќе биде последниот ден за финални подготовки пред заминувањето во Охрид.
„Денес е последен ден и завршен дел од подготовките за овој настап сметам дека боксерите се одлично подготвени и се подготвени да го дадат максимумот за што подобар резултат и подобар успех“, вели Чурлиновски.
Искусниот тренер вели дека очекува Пинк Пантер да биде во горниот дел од табелата.
„Конечниот пласман на табелата се’ уште не можеме да го предвидеме со оглед на се тоа што ќе се случува и оствари на овој натпревар. Сметам дека ќе бидеме на горниот дел од табелата“, дополнува тренерот.
Чурлиновски е задоволен од тоа што досега го покажале неговите боксери на „Опен Балкан“, притоа истакна дека на вакви натпреварувања се собира многу искуство особено кај младите боксери.
„Јас сум потполно задоволен бидејќи овие настапи на вакви турнири на ваква лига го зголемуват искуството кај младите боксери и ги гледам правите вредности како напредуваат“, вели Чурлиновски.
Во ова меѓународна лига „Опен Балкан“ се натпреваруваат екипи од Македонија, Србија, Црна Гора, Романија, Албанија и Словенија.
Александар Ванев, М-Нет