
Во сабота ќе бидат одиграни натпреварите од претпоследното 29. коло на Втората македонска фудбалска лига, а се познати и судиите кои ќе ја делат правдата.
Иле Никодиноски ќе им суди на Вардарски и Вардар Неготино, Марјан Стојановски ќе ја дели правдата на мечот меѓу Каменица Саса и Осогово. Димитар Левески ќе биде главен судија на мечот меѓу Новаци и Скопје.
Боби Величков ќе им суди на Победа и Кожуф, Јован Качевски ќе ја дели правдата на дуелот меѓу Башкими и Детонит Плачковица, Кирил Смоковски ќе биде главен арбитар на мечот меѓу Охрид и Брегалница.
Владимир Ѓорѓиевски ќе им суди на Беласица и Борец, а пак Александар Грујоски ќе ја дели правдата на дербито на колото во Гостивар меѓу Арсими и Македонија ЃП.
Сите натпервари ќе започнат во 17 часот, а дербито на колото ќе го следите во живо на М Нет телевизија.
Александар Ванев, М-Нет