Културна манифестација во чест на поетот Ацо Шопов во Штип

Oд 9 до 13 мај за прв пат во Штип ќе се оддржи културна манифестација во чест на поетот Ацо Шопов. Настанот ќе се реализира на две локации во градот, а имено во домот на културата, кој го носи името на овој поет и во мултимедијалниот центар, а идејата произлегува од средношколците на штипската гимназија Славчо Стојменски. Како што соопштија средношколците за нашата телевизија, самата манифестација е со цел да се доближи поетскиот збор до најмалите, како и да се оживее ликот и делото на овој поет.

,,За прв пат оваа година во Штип ќе се оддржи културна манифестација во чест на еден од најголемите македонски поети Ацо Шопов. Самата манифестација има за цел да го доближи поетскиот збор до најмалите, а исто така и да го оживее ликот и делото на Ацо Шопов. Од 9 до 13 мај ќе се оддржи самата манифестација на две локации и тоа домот на културата и мултимедијалниот центар. Во истата е вклучено посета на спомен собата на Ацо Шопов, Ликовни изложби, балтески претстави, рецитаторски натпревари, ораторски напревари и музички концерт.“, рече Стојанова

Во рамки на настанот се предвидени повеќе активности: посета на спомен-собата на Ацо Шопов, ликовни изложби, балетски претстави, рецитаторски и ораторски натпревари, како и музички концерт. Организаторите се надеваат дека манифестацијата ќе прерасне во традиционален настан што ќе ја слави македонската поезија и култура.

,,Исто така најмалите ќе пишуваат творби и за тоа ќе добиваат награди.“, додава Стојанова

Со оваа манифестација, Штип не само што му оддава почит на великанот на македонската поезија, туку создава нов простор каде што младите генерации ќе можат да ја запознаат и негуваат неговата уметнос.

Иван Митев, М-Нет