
Големото дерби од 22. коло на Втората футсал лига на Македонија кое се играше во Свети Николе, заврши без победник со постигнати десет голови, Овче Поле и Балкан ремизизираа играјќи 5:5.
Ваквиот резултат најмногу му одговараше на штипски Мал Ајакс кој со пбоеда од 5:9 над ССК Скопје изби на првото место на табелата.
Сега Мал Ајакс е прв со 48 бодови, втор е Овче Поле со 47 бодови, а толку има и Балкан кој е трет, но тимот од Свети Николе има натпревар повеќе од скопскиот и штипскиот тим.
Екипата на Каришиака со убедливи 10:1 го декласираше Кратово, а пак СЕЕ Университи со 9:2 го доби убедливо „фенерџијата“ Карадаку.
Колото ќе се комплетира вечерва со натпреварот меѓу Конзули од Битола и Кораб од Дебар.
На четири кола до крајот Мал Ајакс, Овче Поле и Балкан ја продолжуваат битката за влез во Прва лига, три екипи, а место има само за две екипи, една ќе извиси.
Александар Ванев, М-Нет