
Оризопроизводителите од кочанскиот регион денеска излегоа на мирен протест. Со земјоделска механизација ја блокираа едната коловозната лента во село Облешево, и ги кажаа гласно своите барања.
„Имаме неколку барања, првото барање е корекција на планот за наводнување, второто барање е корекција за испалатата на шестте денари и третото барање е што е можно побрзо да започне откупот за стокови резерви“ – вели Ташковски.
Добиле многу ветувања изминатиот период, ама ништо од тоа не било реализирано. Оризот скапува по амбарите, откуп нема, ниту пак задоволителна откупна цена. Оваа сезона доцни и водата за наводнување, со што нивите ќе останат празни. Оризарите побараа министерот да си поднесе оставака.
Поддршка на протестот дадоа и од Националната земјоделска мрежа. Од таму посочија дека протестот е оправдан и решение за проблемите мора да се најде.
Во меѓувреме во село Облешево површините под ориз се намалени за 50%, во Чешиново за 70% а во Кучичино и Бурилчево дури до 100 %.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет