
Од 16 до 18 мај – „Shtip Street Food Festival“ за првпат во градот, Штип се претвора во епицентар на уличната храна!
Мирис на вкусна храна, добро друштво и уште подобра атмосфера! Улицата Ванчо Прќе ќе биде главната точка за сите што сакаат да пробаат нешто ново, да се забавуваат и да уживаат со сите сетила.
Фестивалот во Штип доаѓа по идеја инспирирана од скопското издание, а благодарение на поддршката од општината, оваа пролетна авантура станува реалност.
,,Од 16 до 18 мај Штип ќе биде домаќин на уште еден настан ,,Shtip street food festival“, нешто кое што за прв пат ќе се оддржи и случи во нашиот град. Навистина ми е задоволство што во нашиот град се случуваат се повеќе настани со кои што се анимират не само нашите сограѓани, туку верувам и сум сигурен дека ќе има и доста гости и од страна. Она кое што сакам да го споделам е дека иницијативата произлезе од претходна организација на еден ваков настан во главниот град во Скопје, по предлог на Миро и дојдовме до идеја, улицата Ванчо Прќе да биде локација на која што ќе се оддржи овој настан.“, рече Јорданов
Фестивали од ваков тип одамна се дел од културата на светските метрополи – па зошто да не и кај нас?
Еден од организаторите Даниел Симоновски, решен и Штип да биде добар домаќин.
,,Ова се фестивали кои ги негуваат сите светски метрополи, па така се и роди идејата да започнеме и ние со настаните во Скопје. Започнавме некаде со помали разлики и затоа видовме дека заинтересираноста кај луѓето за овој тип на настани е огромна.“, рече
Но фестивалот не е само за храна и пијалок – тука и за добрата музика, која ќе биде во центарот на внимаието.
,,Ќе вкусиме храна, пијалоци, ќе има бендови. Се погриживме во петокот да биде биде како афтер ворк.
Штип се спрема за три дена полни со вкусови, звуци и урбана енергија! Од 16 до 18 мај, улицата Ванчо Прќе ќе пулсира со храна, музика и забава.
Иван Митев, М-Нет