Има лек за хемороиди- семе од планински трн спас за пациентите

Има лек за хемороиди- семе од планински трн спас за пациентите.

Во срцето на нашите планини, каде природата уште диктира ритам на животот, дедо Дане од едно мало радовишко село споделува традиционален рецепт за кој тврди дека помага во лекување на хемороиди — целосно природно и безболно.Според неговите зборови, семето се бере во септември, кога ќе озрее самата китка на трнот. Се консумира наутро, веднаш по будење.Иако неговите производи сè уште не се лабораториски тестирани, интересот за вакви природни лекови постои. Во време кога сè повеќе луѓе се враќаат кон традиционалното и органското, дедо Дане останува жив сведок на едно знаење кое полека исчезнува од секојдневието. Нашата екипа го посети дедо Дане, кој ни ја раскажа својата приказна и го сподели својот лек.

,,Има лек за хемороиди, оригинал, безболно лечење. Ова е семе од планински трн, така се вика семето, оригинално и за 15 дена нема хемороиди. Семето се пие наутро после станување. Со мала лажичка семето го ставате во уста и веднаш потоа една чаша вода. Не се вари, се конзумира такво како што е. Се бере во септември, кога истото ќе озрее самата китка на трнот.“ рече дедо Дане

Дедо Дане не само што го собира семето од планинскиот трн, туку своето знаење за билките го користи и за други природни препарати.

Медицинските експерти повторно потсетуваат дека природната медицина може да биде дополнување, но не и замена за професионална здравствена грижа.

Иван Митев, М-Нет