Штип УГД се врати во игра – прва победа во финалната серија против Струмица

Одбојкарите на Штип УГД го запишаа првиот триумф во финалната серија од Првата машка лига, совладувајќи го актуелниот шампион Струмица со убедливи 3:0 во сетови (25:21, 25:23, 25:15) пред својата публика во салата „Јордан Мијалков“ во Штип. Со оваа победа, штипскиот тим го намали водството на противникот на 2:1 и ја продолжи борбата за шампионската титула, која сега сигурно ќе се решава најмалку во четири натпревари.

ИЗЈАВА 747G1714 Стојче Арсов, одбојкар на ОК Штип УГД, 00:34 (точно така, почнавме) до 01:37 (мајсторка во Штип)

„Точно така, почнавме малку полошо да речам во оваа финална серија. Првиот меч на домашен терен загубивме со 3-1, но не се откажавме, таму влеговме лабаво, првиот сет игравме пет сета беше доста напорно, лош пораз исто така на гостински терен. Но, полека но сигурно се вративме, атмосферата беше добра не се откажувавме бевме сигурни во нашиот квалитен. Вчера игравме еден морам да кажам добар натпревар за сите нас. Покажавме карактер во првите два сета, беше доста густо особено во вториот сет, се играше на разлика. Третиот сет веќе беше рутински, тие мислам дека дојдоа растеретени некако очекуваа дека лесно ќе не добијат дека имаа водство до 2-0. Се надевам дека ќе се вратиме и ќе одиграме на високо ниво исто така и во Струмица и дека ќе имаме мајсторка во Штип“, вели Стојче Арсов, одбојкар на ОК Штип УГД.

Тимот предводен од Кристиан Ристески одигра мотивирано и максимално фокусирано, бидејќи одбојкарите беа свесни дека немаат право на грешка. Штип УГД ја презеде иницијативата уште од почетокот и не дозволи Струмица да ја наметне својата игра, гостите во сите сетови беа принудени да бркаат резултат.

Ако синоќа Струмица триумфираше ќе ја одбранеше титулата, а во салата беа подготвени и пехарите и медалите.

„Па сигурно, сигурно, имаше притисок, но мислам дека ние одлично се изборивме со тоа мислам дека можеме да играме под притисок знаеме да играме под притисок. Знаеме дека Купот го добивме исто така беше еден натпревар, секогаш кога треба да се одигра сезонава ние одигравме, така беше и синоќа. Не се ни сомневам дека може да одиграме уште еден добар натпревар во Струмица и воглавно мислам имаме убави шанси. Како што кажавте губевме 2-0 но некако ја свртевме целата таа енергија на наша страна, ги отворивме картите, немавме што да изгубиме удривме силен сервис одигравме добар меч и го добивме“, додава Арсов.

Штипјани доминираа, Задмард имаше 18 поени, токму Арсов имаше 12, а Багаев имаше 10 поени. Кај гостите, најрасположен беше Владо Милев со девет поени.

Арсов очекува поддршка од штипската јавност и навивачите и во струмичката сала „Парк“.

„Сигурно, да, се изненадив минатите две средби што ги одигравме во Струмица игравме во пет сета, така што имаше доста публика, штипска за нас, така да очекувам и во понеделник исто така да има доста посетеност“, додава Арсов.

Четвртиот натпревар е закажан за понеделник во салата „Парк“ во Струмица, со почеток во 19:00 часот.

Александар Ванев, М-Нет