
Селекторот на македонската боречка репрезентација, Бобан Данов си поднесе оставка, а како што истакна за М Нет телевизија оставката ја поднел поради несогласувања со раководството на федерацијата.
Данов ја водеше македонската боречка репрезентација како селектор од 2021 година, па се до неговата оставка до крајот на месец април 2025 година.
Данов забележа значајни резултати како селектор на македонската боречка репрезентација. Во неговиот мандат како селектор Владимир Егоров стана европски шампион, потоа беше донесена бронза од Европското првенство со Ахмад Магомедов, а Данов како селектор ја водеше Македонија на Летните олиписки игри во Париз, Франција со Владимир Егоров.
Александар Ванев, М-Нет