Училиште од Кочани не ги исплатло парите за групно фотографирање, директорот демантира

Основно училиште во Кочани не ги исплатло парите за групно фотографирање. Имено, на крајот на минатата учебна година Александар Ѓорѓиев, фотографот кој почина во дискотеката „Пулс“ во Кочани, ги фотографирал учениците од ООУ „Никола Карев“ во Кочани. Тој успеал да си ги наплати само парите предвидени со тендерот на училиштето за сликање за табло, но не и парите за групните слики на класовите кои му било ветено дека ќе му бидат исплатени откако ќе бидат соберени од учениците.

Сега наплатата на долгот останува во наследство на неговото семејство. Тие бараат средствата кои треба да бидат исплатени од страна на училиштето да се донираат преку Супорт Кочани на некое од семејствата на настраданите од пожарот во дискотеката.

За вака настаната ситуација демант пристигна и од директорот на училиштето Александар Андов. Како што вели тој целата обврска кон Александар е исполнета и парите се исплатени.

„ Ние како училиште односно училишниот одбор имаме донесена одлука за фотографирање како најниска дибиена понуда со Фото Ѓоргиев во која бараме да се изработат слики и табло за учениците од девето одделение. За таа добиена услуга во цеост е исплатена обврска што ја имаме кон фото Ѓоргиев. На крајот од учебната година за сликање на некои паралелки и поединечни слики на ученици. Тоа не е побарано од нас како училиште сигурно станува збор за усмен договор. Ние како училиште ниту можеме ниту смееме да исплаќаме нешто кое не е предвидено ниту плнирано во буџетот на училиштето.На неколку наврати имам рзговарано со Александар за ова ситуација и наидов на големо разбирање од негова страна…и се надевав деа сето ова е надминато. Затоа со сигурност тврдам дека ако постои еден доказ дека училиштето како образовна институција има неподмирено било какви обврски спрема фото Ѓоргиев да се донесат истите ке бидат веднаш регулирани но такво нешто не постои. Јас го разбирам и родителот и семејството на Александар и затоа преку мој колега директор на училиште во Општина Чешиново-Облешево се договоривме да оствариме средба и дека стојам на располагање за било што и сега и во иднина,се надевам дека за многу бргу од денес ќе се оствари средбата и сите недоразбирања ќе бидат надминати… “ – стои во демантот на Андов.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет