Се става крај на непочитувањето на реонизацијата во основните училишта во Штип, согласно измените на Законот

Ќе се стави ли крај на непочитувањето на реонизацијата во осоновните училишта. Согласно измените на Законот, има точно наведени услови под кои може да се прекрши реонизацијата. Во спротивно родителите мора да ги запишаат учесниците во училиштетото во реонот во кој припаѓаат. Нема можност да се менува училиште како праксите од претходните години.

„Со измените во законот за основно образование од јануари 2025 година веќе таа опција за родителите не е дозволена и реонизацијата мора да се почитува. Има точно наведени услови сао под кои може да се прекрши реонизацијата. Тоа е детето да има според член 63, детето треба да има наод и мислење доколку има посебни образовани потреби и доколку во училиштетото има подобри услови за настава отколку во училиштето во кое припаѓа.“ – вели Санева.

Уписот на првачиња започнува од месец мај и согласно податоците од СВР Штип, има околу 470 дечиња кои првпат треба да седнат во училишните клупи.. Но праксата од претходните години зборува дека оваа бројка е секогаш помала, од разни причини.

„Годинава се очекува да бидат формирани 21 паралелка во петте основни училишта во Штип. Инаку вкупниот број на дечиња родени 2019, 2020 година до месец јануари е 470.“ -додава Санева.

Од годините претходно најголем интерес за запишување на првачиња имаше во ООУ Ванчо Прќе. Оваа година овде ќе бидат запишани само дечињата кои се од овој реон.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет