
Има ли заштеда од линеарно покачените пензии за 5.000 денари. Дали горе-долу оваа сума, ќе придонесе заштеда или пак овозможување на дополнителните потреби за пензионерот. На прашањата, штипските пензионери велат дека со покачувањето сега засега има баланс, па ако не друго, има за храна и купување месечна терапија. Дека е потребно уште, тие се уште не го смениле своето мнение.
И додека од една страна едни велат дека ситуацијата на пензионерите е подобрена, други се уште со став дека нема. Високите цени, причина за да не се чувствува покачувањето.
Инаку, пензионерите најпрво имаа покачување за 2,500 денари во октомври изминатата година. Изминатиот месец имаа за уште толку, па вкупно сега покачувањето брои 5000 денари, Кога би се зело во просек двојца партнери да зимаат по 5000 денари покачување, тие месечно би заштедувале просечно по 10 000 денари.
Иван Митев, М-Нет