
Ниските плати и непочитувањето на работничките права причина за да газдите сега мака мачат да најдат работници, половина се веќе во странство. Анкетирани штипјани истакнуваат дека со високиот стандард, сега само плата од 800 евра би била примамлива за да младите останат во државата. Велат времето се менува, па ако некогаш работникот молчел, сега е обратно, бидејќи светот стана достапен за секого.
Доколку млад брачен пар би зимале околу 800 евра месечна плата и вкупно тоа би дошло 1600 евра во Македонија одлично би се живеално, додаваат граѓаните.
Во согласност со ситуацијата, она што дополнително останува е тоа колку работодавачите ќе нудат добри можности за да младите остануваат во државата.
Иван Митев, М-Нет