Во Штип на 26 април ќе се одржи тениски фестивал „Запознај го тенисот низ игра и дружба“ – настанот е наменет за најмладите и ќе се одржува на плоштадот!

Во сабота на 26 април ќе се одржи тениски фестивал „Запознај го тенисот низ игра и дружба“ на градскиот плоштад „Слободан“ во Штип со почеток од 11 часот, во организација на Тениската федерација на Македонија, а технички организатор ќе биде тенискиот клуб Астибо од Штип.

Ова ќе биде втор ваков фестивал, првиот веќе се одржа во Скопје, а сега на ред доаѓа и Штип.

Целта на овој спортски настан е да се афирмира тенисот меѓу младите, да се поттикне нивниот интер и да се поттикне што повеќе деца да започнат со тренирање и играње тенис. Настанот е наменет за деца на возраст од 4 до 15 години, кои за првпат ќе се запознаат со тенисот како спорт, ќе имаат можност на импровизирани тениски игралишта кои ќе бидат поставени на плоштадот во Штип да заигра тенис, да се запознаат со основните услови и на тој начин да ги направат првите чекори кон овој спорт.

Спортот е важен сегмент во растот и развојот кај младите, односно кај децата, бидејќи спортот ги прави во вистински личности, карактерно, но и од здравствен аспект со цел да имаат правилен раст и развојот.

Токму овој настан „Запознај го тенисот низ игра и дружба“ кој веќе започна во Скопје ја има таа цел. Во Штип овој тениски фестивал ќе се одржи на 26 апри (сабота) со почеток од 11 часот.

Интерес кај младите за тенис има, а тенискиот клуб Штип работи одлично со младите тенисери и бележи одлични резултати, а преку овој тениски фестивал во кој е опфатен и Штип се очекува да има уште поголем интерес кај младите за тенис.

Александар Ванев, М-Нет