Тридневен панаѓур во Штип, голем избор, ниски цени и задоволни купувачи и продавачи е целта

Тридневен панаѓур во Штип, продавачите уште рано утринава започнаа да ги поставуваат своите тезги. Ќе биде отворен се до понеделеник навечер, на паркингот кај градскиот пазар. Како што вели органзитортот станува збор за традиционален панаѓур кој се организира со децении наназад. Голем избор, намалени цени, задоволни и продавачи и купувачи е целта на панаѓурот. Се очекува голема побарувачка како и претходните години.

„Панаѓурот ќе трае три дена 19, 20 и 21 април. Целта е како и секоја година, веќе 15, 20 години го организираме традиционално. Мора да кажам една благодарност до градоначалникот Иван Јорданов оти ни овозоможи да го направиме овој панаѓур. Намалени цени, мислам дека добар пазар ќе биде“ – вели Демиров.

Продавачи имаше од повеќе градови од цел држава. Парчиња текстил, накит, предмети за домаќинство, алати и слично можеше да се најде на панаѓурот во Штип. Како што велат продавачите за секого има по нешто и тоа по нормални цени.

Панаѓурот во Штип ќе трае од 19 до 21 април. Во тој временски период граѓаните може да купат разни работи по евтини цени.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет