Привршува велигденскиот пост, лекарите со совети и апел до верниците

Привршува велигденскиот пост, лекарите со совети за верниците. Особено се апелира враќањето на стариот режим на исхрана да биде постепено, без претерување. Имајки во предвид дека велигденската трпеза знае да биде преполна со мрсна храна, вклучително со месо, па наглата промена би може негативно да влијае врз здравјето на верниците.

Обилно масна храна не е препорачливо да се конзумира, рече д-р Митрова. Како што вели и таа на таков начин може преставува еден стрес, што може да се манифестира со напад на жолча или панкреатит.

Инаку, она што особено советуваат лекарите е тоа и понатаму да се продожи со конзумирање на течности, како и да се задржи начинот на здрава исхрана, постепено со внес на мрсна храна.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет