Осогово по три бодови во Охрид, Македонија ЃП го пречекува Детонит Плачковица, Борец сака изненадување со Брегалница!

Во понеделник ќе бидат одиграни натпреварите од 25. коло на Втората македонска фудбалска лига, а во рамки на истото лидерот Македонија ЃП на домашен терен ќе има незгоден протовник соочување со Детонит Плачковица, каде „лавовите“ се без право на грешка со цел да го сочуваат првото место, но и да останат во зоната за директен влез во Прва лига. Радовишани подготвени во Ѓорче одат по позитивен резултат.

Башкими на домашен терен како голем фаворит ќе игра против последнопласираниот Вардарски, кој доцна се „разбуди“ и започна победува во тешката битка на гостинот од Богданци за опстанок. Башкими оди само по три бодови и продолжува на борбата за директен влез во Прва лига.

Арсими ќе биде домаќин како фаворит против Кожуф каде тимот од Чегране е во најдобра форма на последните пет меча и сака нови три бодови и со тоа можност и да избие и на првото место ако конкурентите кикснат.

Дуел од средишниот дел на табелата се игра во Струмица меѓу Беласица и Скопје каде двете екипи сакаат сезоната да ја завршат на петото место на табелата.

Борец и натаму е во игра за бараж за опстанок во Втора лига, но во понеделник ќе треба да дојде до позитивен резултат против Брегалница, а пак штипјани не смеат да погрешат бидејќи ќе заостанат сериозно во трката за Прва лига.

Новаци на домашен терен ќе игра против Вардар Неготино трите бодови се опција и за двете екипи, кои веќе пополека го трасираат патот за потврда на опстанокот во Втората лига.

Осогово ќе има тешко гостување на „Билјанини Извори“ против Охрид, каде само три бодови се опција за „жетварите“ во тешката битка што ја има Осогово за опстанокот во Втората лига.

Победа ќе мора до позитивен резултат против Саса која влезе во длабока резултатска криза и заборава да победува. Прилепчани засега се во зоната за директен опстанок, но ќе мора да триумфираат и да соберат три бодови во дуелот со „рударите“ и во такви околности ќе бидат сигурно со опстанокот.

Сите натпревари се играат во понеделник со почеток од 16 часот.

Александар Ванев, М-Нет