
Последен пазарен ден пред големиот празник Велигден во Кочани. Во прв план денеска беше продажбата на земјени производи. Ова останало како традиција, за Велидген да се купи нешто земјено, па и раздвиженоста беше голема, а исто така и побарувачката. Граѓаните во Кочани го продоложуваат стариот адет и традиција, и секој купи по нешто, чинија, грне, пепелара, тава или тенџере. Цените се прифатливи за граѓаните велат продавачите на земјените производи и се движат од 50 денари, па до 300, 400 денари во зависност од големината.
И купувачите задоволни, додаваат дека има доста избор, секој може да си дозволи за Велигден да внесе земјен производ во својот дом.
Освен земјените производи задоволителен беше и пазарот за овојше и зеленчук. Домати, краставици, зелена салата купуваа граѓаните, а продавачите нудеа во изобилие. На пазарот во Кочани денеска можеа да се најдат и домашни јајца, мед, ракија, па и тектил.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет