
Овој викенд се играше претпоследното 17. коло на Првата футсал лига кое се комплетираше синоќа во Велес, каде веќе отпаднатиот Железарец загуби од Кеги Моби со убедливи 1:8.
Бутел забележа повеќе од важна победа од 4:1 над Црна Река практично тоа беше дерби од дното и дерби за опстанок во Првата лига, со што Бутел веќе го обезбедува опстанокот, а пак Црна Река во последното коло ќе бара опстанок, што ќе им биде навистина тешко.
Форца е старо нов шампион, а на гостување во Гевгелија кај Проект двете екипи ремизираа играјќи 4:4 и поделба на бодовите.
Осогово дојде до тешка победа на гостувањето кај Шкупи каде мечот заврши со 4:5 во полза на гостинот од Крива Паланка.
Во однос на табелата на врвот е шампионот Форца со 46 бодови, втор е проект со 30 бодови, а на третото место е Клими со 27 бодови на своето конто. На делба на четвртото место се Шкупи и Осогово со по 24 бодови.
Екипата на Кеги Моби од Велес се проби со шестото место со 23 бодови и го обезбеди опстанокот. Бутел е на седмото место со 21 бод и обезбеден опстанок.
На осмото место е Јувентус Серава со 20 бодови, а пак Црна Река е претпоследна со 18 бодови и овие екипи во последното коло ќе бараат опстанок, а на дното со само девет бодови е Железарец кој уште пред неколку кола отпадна во Втората футсал лига на Македонија.
Александар Ванев, М-Нет