
Уште две кола остануваат да се доиграат во Втората женска фудбалска лига, осум екипи или вкупно 14 кола, по седум кола во полусезона.
Како што е познато првопласираната екипа патува директно во Првата женска фудбалска лига, а пак второпласираната екипа игра бараж за можен влез во Првата женска фудбалска лига.
Кочани и натаму е на врвот со 34 бодови со учинок од 11 победи и едно реми и Кочани е единствениот тим кој не е поразен. На второто место е Вардар, тимот има 31 бод, а токму во последното коло ќе игра дерби со Кочани на домашен терен.
Првото соочување на овие две екипи заврши со триумф од 3:1 во полза на Кочани.
На третото место е Билјанини Извори од Охрид со 28 бодови, а тимот се надева на бараж за Втора лига, но ќе треба веќе во следното коло да го биде Вардар на домашен терен, а во првото нивно меѓусебно соочување оваа сезона Вардар дома беше подобар од Билјанини Извори со 2:0.
Кочани може веќе во следното коло да стане шампион под два услови. Прво да го добие тимот на Победа од Валандово на домашен терен, а тоа ќе се случи поради огромната разлика во квалитет, а притоа да се надева на пораз на Вардар во Охрид. Во таков случај Кочани во последното коло ќе игра со Вардар во Скопје како шампион и практично нема да зависи од тој меч.
Ако Вардар триумфира во Охрид, тогаш ќе се решава во последното коло во Скопје со директно дерби меѓу Вардар и Кочани.
Во однос на табелата Порече е на четвротот место со 16 бодови, а пак Плачковица е петта со 13 бодови. Победа Валандово е на шестото место со шест бодови, Борец е претпоследен со четири бодови, а пак Слободен е на дното со три бодови.
Александар Ванев, М-Нет